За иницијативата

Иницијативата ја формиравме со цел да направиме притисок врз надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси присутни во моментов и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди. Истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавање навика за користење на платнени, реупотребливи торби.
Како свесни и одговорни градители на еколошки одржлива заедница, присутни сме на социјалните мрежи – најголем медиум и место за мобилизација на истомисленици, но ги надминуваме ограничувањата на виртуелното и се насочуваме кон реални и конкретни активности, до постигување на поставената цел.