ЕУ ја забранува пластиката, а ние?

ЕУ ја забранува пластиката, а ние?

Еднократната пластика обично се користи неколку минути, а потоа ја загадува природата со векови.

Ве покануваме на дискусија за штетните последици од огромното количество пластика што се произведува секој ден, како и за тоа што ние можеме да преземеме.

Повод за дискусијата и ветер во грб ни е стапувањето на сила, оваа сабота, на 3 јули, на забраната за продажба на 10 видови производи од еднократна пластика во Европската Унија. Пластичниот прибор за јадење, пластичните чинии, садовите за храна и пијалоци направени од стиропор, лажичињата за кафе од пластика, чепкалките за уши од пластика, сите производи изработени од оксоразградлива пластика – сето ова од оваа сабота е дел од забранетата пластика.

Се може без еднократна пластика. Повелете на дискусијата.