5 илјади тони пластични кеси се произведуваат во Македонија годишно!

5 илјади тони пластични кеси се произведуваат во Македонија годишно!

Замислете 5 илјади тони. Тоа е количината пластични кеси и вреќи што минатата година е произведена во Македонија, а од кои голем дел се употребува и веднаш се фрла во Македонија.

5 илјади тони! Добар дел од тоа се потрошувачки пластични кеси за еднократна употреба. 5 илјади тони – 150% повеќе од пред 10 години, во 2009.

Единствената добра вест е што во 2019 година е произведено помало количество во споредба со претходните шест години.

Да се надеваме дека овој пад се должи на повисоката свест на граѓаните, а не на намалувањето на извозот во другите земји.

(Овие податоци се достапни на Базата на податоци МакСтат на Државниот завод за статистика)