Пластичните кеси се во ист кош со останатата пластика за еднократна употреба

Пластичните кеси се во ист кош со останатата пластика за еднократна употреба

 

Сламка од ладно кафе, обвивка на чоколатце, пластична кеса – поединечно секое од нив делува безопасно. Сеприсутни, практични предмети што честопати не ги ни регистрираме. Но, нашата зависност од пластика всушност има огромна цена – толку висока што ќе ја плаќаме со милениуми!

Што е пластика за еднократна употреба?

Тоа се предмети воглавно произведени од хемикалии на база на фосилни горива (петрохемикалии), осмислени да се фрлат веднаш по употребата, најчесто, само после неколку минути. Тука спаѓаат пластичните цевки, чинии, прибор, чепкалки за уши, држачи за балони, садови за храна и пијалок направени од стиропор, како и сите производи изработени од оксо-разградлива пластика [за појаснување: тоа е обична пластика во која се додадени адитиви наменети да го забрзаат процесот на распаѓање, поточно кинење на пластиката на поситни парчиња. Од ваква пластика се направени кесите што секојдневно ги користиме].

Што е толку лошо кај оваа пластика?

Пластиката за еднократна употреба е јасен пример за неодржливоста на употреби-и-фрли-културата. Наместо да вложуваме во квалитетни и трајни предмети, често предност и’ даваме на практичноста пред издржливоста, не земајќи го во предвид влијанието на подолг рок. Со нашето прифаќање на овој вид пластика, акумулираме отпад со запрепастувачка брзина. На светско ниво ние произведуваме 300 милиони тони пластичен отпад годишно од кој половина е пластика за еднократна употреба. А тоа е речиси еднакво со тежината на целата светска популација.

 

Редукција на производството и употребата на пластика е најделотворно средство за намалување на овој вид отпад и неговото негативно влијание. Носењето на торби и шишиња за повеќекратна употреба е одличен начин да се минимизира пластиката во нашето секојдневие.

 

Рециклирањето, исто така го намалува еколошкиот отпечаток. Но, огромни 91% од целата пластика воопшто не се рециклира туку завршува на депониите или во нашето опкружување. Пластиката за еднократна употреба – малите предмети како сламки, кеси и сл. што можат да заглават во машините за рециклирање, се посебно неподобни па затоа центрите воопшто и не ги прифаќаат.

Дали пластиката за еднократна употреба треба да се забрани?

Апсолутно да! Што ќе се постигне со тоа?

Ќе се превенира милиони тони пластика и отпад од пластика да влезат во оптек секоја година. А кога станува збор за отпад што трае вечно – секој тон се брои!

Забраната на пластика за еднократна употреба не само што ќе го намали загадувањето, туку и побарувачката за производство на пластика што придонесува за глобалните климатски промени. Но, покрај ваквото влијание, забраната има и културолошки ефекти. Компаниите ќе бидат принудени да иновираат, да обмислат нови дизајни и извори на одржливи материјали. Потрошувачите пак, ќе го сменат начинот на размислување гледајќи на прекумерниот и непотребен отпад како на неодржливо решение.

За повеќе информации околу забраната и совети за исклучување на пластиката за еднократна употреба вклучително и кесите, прочитајте го целиот текст овде.