Придружете ни се во заедничката борба!

Придружете ни се во заедничката борба!

Пластичните кеси се забрануваат со закон. По вторпат! Значи ли тоа дека од 1 декември ќе ги нема на пазарот? Законска забрана постоеше и досега, а сепак нашата земја беше преплавена со пластични кеси! Со важечкиот Правилник за биоразградливост на Министерството за животна средина се овозможува и понатаму во промет да се пуштаат оксоразградливи пластични кеси што, веројатно, се уште поштетни од обичните.
Работата не е завршена – самото донесување на новиот закон не ветува и забрана на пластичните кеси!
Затоа, придружете ни се!
За да издејствуваме Министерството за животна средина да донесе нов Правилник за биоразградливост кој навистина ќе ја штити животната средина. Придружете ни се, за да ја подигнеме свеста во јавноста дека се може без пластични кеси. Придружете ни се, за да ја продолжиме со здружени сили борбата против растечкото загадување од сите видови еднократна пластика.
За контакт, пријавете се со вашиот мејл директно на формата во продолжение или пишете ни на [email protected] Може да нѐ контактирате и преку нашите страници на Фејсбук (https://www.facebook.com/zabrana.plasticni.kesi) и
Инстаграм (https://www.instagram.com/zabrana.plasticni.kesi)