Некои интересни факти за пластичните кеси од создавањето до денес

Некои интересни факти за пластичните кеси од создавањето до денес

1 Една од причините што постојат пластични кеси е намерата да се создаде еколошки поприфатлива алтернатива за хартиените вреќички?!

 

2 Иронијата да биде поголема – во шеесеттите години на минатиот век, и еколозите ги прифаќаат пластичните кеси како ,,спасители’’ на Мајката Природа зашто веќе не треба да се сечат дрва, а нивното производство (навидум) остава помал еколошки отпечаток во споредба со производството на кеси од хартија и платно.

♦ Но ја превиделе штетата што ја прави пластиката откакао ќе се фрли, а пластичните кеси имаат исклучително краток век 

 

3 Пронаоѓач на ова чудо е Sten Gustaf Thulin од шведската компанија Celloplast во 1959 год. а подоцна, во 1965 година, за својот пронајдок добиваат американски патент… и ХОРОРОТ започнува…

 

4 Уште еден парадокс – Шведска, земјата која ги измислува пластичните кеси, веќе 2 децении подоцна, од 1970-тите, стартува со програма за нивно рециклирање додека остатокот од светот се’ уште е во ЕУФОРИЈА предизвикана од пронајдокот,

 

5 Во екот на еуфоријата, пластичните кеси некому стануваат инспирација и муза, како што е случајот со режисетот Sam Mendes на култниот филм од 1999 ,,Американска убавина’’. Во една од најпознатите сцени, пластична кеса ,,танцува’’ на ветрот… Ех, уметноста не познава граници… 🙂

 

6 Производството, нормално и штетите, излегуваат од контрола, па извршниот директор за животна средина на ОН, Achim Steiner, во 2009 год. ќе изјави дека пластичните кеси треба да се забранат зашто повеќе не постои никаква оправданост за нивно производство, никаде!! – човекот заслужува ОРДЕН!

 

7 Сепак, во некои држави, како Ирска и Кина на пример, човек кој користи пластични кеси го гледаат како социјално неприфатлив – така треба!! Во полза на ова, Anya Hindmarch дизајнираше платнена торба пазната како Im not a plastic bag

 

Така пластичните кеси почнуваат да го доживуваат својот пораз, од (своевремено) омилен и модеран предмет – се претвораат во светска напаст. Да имаa чувства, како што се вели во текстот, ќе испиеја нешто за смирување 🙂

Во современото живеење, во некои области некои видови пластика се (речиси) незаменливи. Но кесите? Па, луѓето и пред појавата на пластиката си го носеа дома купеното, нели?

 

♦ Што би заклучиле за крај освен дека… се може без пластични кеси!